Goran Bregović ги носи “Tri pisma iz Sarajeva” во Скопје!

АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА СО ЗАДОВОЛСТВО НА ДЕНОТ НА ГОЛЕМАТА РЕПУБЛИКА ВИ НАЈАВУВА:
ГОРАН БРЕГОВИЌ И МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ГО НОСАТ СВЕТСКИОТ СПЕКТАКЛ “TRI PISMA IZ SARAJEVA” ВО СКОПЈЕ!

Драги пријатели,
Задоволство ни е да ве информираме дека најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и популарен Горан Бреговиќ, конечно го носи својот најуспешен проект “Tri pisma iz Sarajeva” и во Скопје, на 22-ри март во ВИП Арената.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот “Оркестар за свадби и погреби”, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот “Tri pisma iz Sarajeva” е најпровадан Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник “Гардијан”.

Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: “Калашњиков”, “Месечина”, “Едерлези” и многу други, па така со гаранција предвидуваме незаборавна вечер во Скопје на 22-ри март.
Од регионот, Горан Бреговиќ настапува во Белград на 15-ти декември придружуван од Белградска филхармонија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделник наутро (03.12) преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР 1 (седење)- 1.500 денари
ПАРТЕР 2 (седење)- 1.200 денари
ПАРТЕР 3 (седење)- 1.000 денари
ТРИБИНИ- 700 денари (блок 1 и 15)
SILVER SEATS- 1.000 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)
GOLDEN SEATS- 1.200 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)
ВИП- 1.500 денари (блок 13)

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

https://www.facebook.com/events/560984704341925/

Datum

22 Mar 2019

Satnica

21:00 - 23:00

Lokacija

Boris Trajkovski Sports Center
Skoplje, Bul. Partizanski Odredi 5, Makedonija

Organizator

Avalon Produkcija
Email
noreply@facebookmail.com