BRYAN ADAMS во Скопје // 13.11.2019 ВИП Арена

ПРЕМИЕРНО: BRYAN ADAMS ДОАЃА ВО СКОПЈЕ!
ВИП АРЕНА, 13 НОЕМВРИ

Драги пријатели,
Неверојатно задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила.

После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни- BRYAN ADAMS!

На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат “Summer of 69”, “Heaven”, “Please Forgive me”, “Everything I do (I do for you)”, “Have You Ever Really Loved a Woman” и многу други.

BRYAN ADAMS доаѓа во Скопје во рамки на големата светска “Shine a light” турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10-ти јуни во 9 часот наутро.

Bryan Adams во живо со неговиот бенд е нешто што мора да го доживеете!

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

https://www.facebook.com/events/2211489822401826/

Datum

13 Nov 2019

Satnica

21:00 - 23:00

Lokacija

Vip Arena

Organizator

Avalon Produkcija
Email
noreply@facebookmail.com